Велигденски јајца - пилиња
Состојки
- Сварени жешки бели јајца
- 1/3 лажиче жолта прехрамбена боја
- 1 лажица бел оцет
Подготовка
За овие весели декоративни јајца ви требаат од претходно лушпи од бели јајца. Неколку дена претходно лушпите од јајцата што ги користев ги миев , оставав да се исушат и ги чував за овие пилиња.
1. Во мал длабок сад се става жолта прехрамбена боја, со додаваат 3 лажици врела вода и 1 лажица бел оцет, промешуваме.
2. Сварените јајца веднаш додека се жешки едно по едно се ставаат во растворената жолта боја и со лажица земаме од течноста и ги потураме за да бидат рамномерно обоени. Кога ќе ја добијат посакуваната боја се вадат и оставаме да се исушат.
3. Лушпите од јајца зависно од жолтото јајце ги пробуваме и големината ја прилагодуваме, ја намалуваме , долниот дел да биде малку поголем од горниот. Со лепило или силикон ги лепиме.
4. Доколку немате портокалова хартија со маркер боите мал дел од белата хартија од двете страни. Се сече парче во форма на ромб , на средина го превиткуваме. Во средина на јајцето го лепиме клунчето, треба да е залепен долниот дел од ромбот, горниот да биде слободен. Со фломастер цртаме очи.