Благи и солени кроасани (од едно тесто)
Состојки
- 700 гр Брашно
- 1 м.л. Шеќер
- 1 м.л. Сол
- 1 Квасец (свеж)
- 50 мл Масло
- 75 гр Маргарин (стопен)
- 200 мл Млеко (млако)
- 180 гр Павлака
- 1 г.л. Оцет
- за премачкување - млеко, 1 јајце (плус семиња по избор за солените кроасани)
- за полнење - мармалад, еурокрем, сирење или урда.
Подготовка
Идеално тесто за блага и солена варијанта на кроасан-кифли, за сечиј вкус.
1. Го активираме квасецот во млако млеко, со шеќер и две лажици од вкупната количина на брашно. Во еден сад ги ставаме следните состојки (масло, растопен маргарин, павлака и оцет), го додаваме стасаниот квасец, па потоа постепено го додаваме брашното измешано со солта и замесуваме нелепливо тесто. Го оставаме да стаса на топло.
2. На набрашнета маса го расукуваме тестото во голема округла кора, која ја сечеме на 24 парчиња, кои ги полниме по желба - еурокрем, мармалад, сирење...
3. Формираните кроасани ги редиме во плех врз хартија за печење, ги премачкуваме со млеко и ги оставаме покриени околу 30 минути да стасаат.
4. Потоа ги премачкуваме со јајце, а на солените им ставаме сусам или семиња по избор.
5. Печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување.
На здравје!