Ванилици со свинска маст и кајмак
Состојки
- 200гр свинска маст
- 3лажици кајмак
- 2 ванили
- 2 жолчки
- 500гр брашно
- 5лажици шеќер
- мармалад по потреба
- шеќер во прав по потреба
Подготовка
Имам пробано најразлични верзии на добро познатите ванилици, но овие со кајмак, како понова верзија, помодерна, се навистина совршени.
1. Во вангла се ставаат жолчки, шеќер, ванила, свинска маст и кајмак. Сето заедно убаво го соединуваме со миксер.
2. Половина количина на брашно ја додаваме и соединуваме со миксер. Другата половина на брашно ја додаваме и замесуваме со рака. Тестото го делиме на 2 дела.
3. Сучиме кори со дебелина од 3,4 мм. Вадиме форми по желба.
4. Ги печеме на 180 с, од 13 до 15 минути. Треба да останат бели.
5. Изладени ги валкаме во шеќер во прав или ги лепиме по две со мармалад, па ги наросуваме со шеќер во прав.
Послужуваме
Може долго време да се чуваат во лимени кутии.