Вишна колач со јогурт
Состојки
- тесто
- 7 јајца
- 250гр шеќер
- 100мл масло
- 100мл јогурт
- 1 ванила
- 1 пециво
- 2лажици просеано какао
- 350гр брашно
- околу 700 гр исчистени, исцедени вишни
- фил
- 2 пудинг од ванила
- 700мл млеко
- 7-8лажици шеќер
- 200гр путер
- прелив
- 100 гр црно чоколадо 1 лажица масло 100 мл слатка павлака
Подготовка
Подготовка:
1. Во еден сад ставаме јајца, шеќер и ванила и матиме до побелување на смесата. Со исклучен миксер додаваме просеано брашно, пециво, јогурт и масло. Со шпатула ја соединуваме смесата.
2. Половина од оваа количина ставаме во правоаголна ростер тава. Во остатокот од смесата ставаме какао. Промешуваме и ја истураме врз жолтата смеса. Врз кафената смеса редиме вишни.
3. Ја ставаме тавата во загреана рерна и печеме на 200 с, околу 50 минути, или по потреба, односно секој си ја познава својата рерна.
4. Испечениот колач го оставаме да се излади, па го прелеваме со лажица со сокот кој го пуштија вишните. Оставаме на страна па го подготвуваме кремот.
5. Во 200 мл млеко раствораме прашак за пудинг. Остатокот од млекото го налеваме во касерола, додаваме шеќер и растворениот пудинг. Вариме на тивко до згуснување. Во топлиот пудинг го додаваме путерот и мешаме до изедначување. Овој крем го ставаме врз колачот.
6. На страна растопуваме чоколадо и го прелеваме колачот. Матиме слатка павлака и го покриваме колачот во тенок слој.
Оставаме да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме,