Чоколаден колач со вишни
Состојки
- Состојки
- 2 шољи јогурт
- 1 шоља шеќер
- 2 шољи брашно
- 1/2 пециво
- 2 лажици какао
- 1 шоља сечени ореви
- 200 гр вишни (замрзнати)
- Состојки за прелив
- 150 мл млеко
- 1 лажица шеќер
- 100 гр маргарин
- 100 гр чоколада за готвење
Подготовка
Едноставен и преубав колач. Верувам дека овој рецепт го има во тетратките на нашите мајки и баби, па еве ви едно потсетување.
1. Во еден сад се мешаат јогурт, шеќер, брашно, какао и пециво. Јас уклучив и миксер за да ми биде похомогена смесата. Потоа додавате половина од вишните и оревите. Домешувате со лажица. Смесата се истура во подмачкан плех со маргарин (големина 30 на 25 сантиметри). Одозгора се редат преостанатите вишни. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Можете да пробате со чачкалица дали е печена. На мојот колач 25 минути му беа доволни.
2. Колачот се остава сосема да олади. Се сече на коцки.
3. Во една касерола на оган се става млеко, чоколадо, маргарин и шекер. Чоколадата треба сосема да се стопи. На тивок оган постојано мешаме и кога чоколадата сосема е стопена, топлиот прелив го сипуваме врз колачот.
4. Откако е оладен колачот можеме да го служиме.
Одличен колач за со кафе.
Да напоменам шољите беа од 200 милилитри.