Поховани модри патлиџани во сос
Состојки
- 2 модри патлиџани
- 1лажица мешавина од сол и црн бибер
- 4 лажици брашно
- За сосот
- 3 патлиџани црвени
- 1главица кромид
- 3чешниња лук
- 2гранчиња свеж магдонос
Подготовка
1. Модрите патлиџани убаво измијте ги и исушете ги бришејќи ги со кујнска хартија.
2. Исечете ги на подебели кругови, па наросете сол и црн бибер. Промешајте ги добро.
3. Валкајте го секое крукче во брашно, па пржете ги во загреано масло. Готовите модри патлиџани тргнете ги на страна, па спремете го сосот.
4. Во сецкото исецкајте кромид и лук. Запржете ги убаво, па штом стануваат стаклени, додадете ги пасираните патлиџани. Нека повари на тивко, па штом смесата ќе стане убаво соединета, пред крајот, посолете и додајте го ситно сецканиот свеж магдонос.
5. Помешајте со претходно пржените модри патлиџани или сервирајте како прилог.
Нека ви е слатко.