Испечати

Лиснати полнети зајчиња

Лиснати полнети зајчиња

Состојки

  • Полнеж
  • 150гр малини
  • 1лажица шеќер во прав
  • 1/2 лажиче нишесте
  • За зајчињата
  • 1паковка270гр лиснато тесто
  • 1лажица шеќер во прав за попрскување
  • 1 модла во вид на зајче
  • 1 јајце

Подготовка

Доаѓа преубав празник и сите ние сме многу креативни за истиот. Некогаш некои рецепти се така сложени, а некои како овој мојот, бараат многу кратко време. Ако сакате да имате интересни колачиња и вкусна трпеза, ајде да го видиме и овој рецепт. Се надевам ќе ве инспирирам и за уште поубави и поинтересни рецепти.

Подготовка:
1. Ставете ги малинките да се растопат на оган додавајќи им шеќер во прав.
2. Пасирајте и на пасираната смеса, кога е веќе убаво растопена, додајте половина лажиче нишесте растопено со многу малку вода. Промешајте нека добие некоја густина. Тоа ќе биде полнењето.
3. На работната маса, растегнете ја кората од лиснато тесто. Со модла вадете форми на зајко, па редете ги во тава на хартија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце, па веднаш печете во загреана рерна.
Сега постојат две варијанти на подготовка.
1. Штом се изладат, со остар нож, пресечете ги и залепете ги со кремата, или

2. Како што јас направив, наполнете го шприцот, па внимателно направете една дупка од каде ќе ги наполните со мн малку фил од малини. Готовите лиснати зајачиња наросете ги со шеќер во прав. Интересни,вкусни, ронливи и неодолливи колачиња. Децата ќе се радуваат.

Среќни празници.