Велигденски Колачиња
Состојки
- 200 гр Путер (маргарин)
- 100 гр Прав шеќер
- околу 300 гр Брашно
- 1 Жолчка (или цело јајце, ама додадете малку повеќе брашно)
- 1 Ванила
- прстофат Сол
- 1 Портокал (рендана кора)
- За лепење на колачињата - Еурокрем
- За декорација - Бони топ бонбони плус шеќер во прав
Подготовка
1. Замесуваме тесто од наведените состојки, го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер 2 часа.
2. Потоа тестото го делиме на два дела, додека работиме со едната половина, другата стои во фрижидер. Тестото го ставаме врз мрсна хартија за печење, па преклопуваме со неа врз тестото и го расукуваме во потенка кора (бидејќи ќе се лепат 2 по 2 колачиња) и со помош на калапче вадиме колачиња во форма на јајце.
3. На пола од добиените форми им правиме дупче со помош на мало калапче во форма на кругче. Формираните колачиња ги редиме во плех врз хартија за печење.
4. Печеме во загреана рерна на 170 степени до блага промена на бојата. Колачињата треба да останат светли.
5. Ги оставаме да се изладат, па потоа оној дел што нема дупче го премачкуваме со еурокрем, а на другиот дел со дупче му наросуваме шеќер во прав. Ги лепиме двете половинки, а во средината кај дупчето ставаме бони топ бонбончиња.
Забелешка - за лепење на колачињата по вкус може да употребите мармалад.
На здравје!