Испечати

Проја со спанаќ и изварка

Проја со спанаќ и изварка

Состојки

  • 400 мл млака вода
  • 100 мл масло
  • 1 кафена лажичка сол
  • 100 гр изварка
  • 300 гр спанаќ обарен
  • 300 гр пченкарно брашно
  • 150 гр бело брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • мешан микс од семиња

Подготовка

Можеби забележавте, но пројата е постојано присутна кај мене. Секогаш ја имаме ама секогаш со различни комбинации и состојки. Овој пат е со спанаќ и изварка.

Инаку и јас како и Џејми Оливер, ако ми остане нешто гледам да не го фрлам.
Така беше овој пат со спанаќот, купив малку повеќе и од ручекот ни остана, па ајде дојде идејата за проја.

1. Најпрво во сад се ставаат двете брашна, пециво, сол, а потоа постепено се додаваат и другите состојки. Се меша додека не се добие убава хомегена смеса. Инаку се меша со лажица не со миксер, нема потреба од тоа.
2. Смесата се става во тава обложена со хартија. Јас ја користев округлата тава од Delimano.
Од горе сe наросувa микс од семиња.
3. Се пече во загреана рерна околу 30-40 минути на 180 степени, зависно од тоа како ви пече нормално рерната. Пробуваме дали е печена на оној добро познат начин со чепкалка за заби.
Совршен оброк со сиренце и суво овошје.