Испечати

Какао торта

Какао торта

Состојки

  • 2 чаши шеќер
  • 15 лажици вода
  • 3 лажици какао
  • 1 маргарин
  • 6 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша брашно
  • 1 пециво
  • 100 гр толчени ореви

Подготовка

Подготовка:

1. Во тенџере на оган вариме две чаши шеќер со 15 лажици вода и три лажици какао. Од како ќе зоврие, ставаме маргарин убаво да се растопи. Добиената смеса ја оставаме да се излади убаво.
2. Кршиме јајца и ги делиме белките од жолчките. Жолчките ги разматуваме со маталка и во нив ја ставаме изладената смеса. Матиме убаво со миксер да се изедначи и добиената смеса ја ставаме да се излади во фрижидер.
3. Кога е сосема оладена го почнуваме тестото. Со миксер ги матиме белките, додаваме шеќер, брашно со пециво и две кутлачи од какао-смесата од фрижидер. Мешаме убаво и ставаме да се пече во правоаголна тава бр 40. Печеме 30-тина минути на 180 степени.

4. Ја вадиме тавата и оставаме тестото да се излади. Го сечеме на коцки. Преку тестото прелеваме од изладената какао смеса. Со помош на ножот подотвораме меѓу коцките секаде да навлезе убаво. Наросуваме со толчени ореви.

Овој рецепт ми го кажа мајка ми, а таа го научила од нејзина колешка. Сум го правела безброј пати, никогаш не ми се згрешил. Превкусен чоколаден вкус, арома и сочност.