Испечати

“Torta Pasqualina” – Италијанска велигденска пита

“Torta Pasqualina” – Италијанска велигденска пита

Состојки

  • 1 кг лиснато тесто ( 2 кори лиснато тесто од по 500 гр )
  • фил
  • 150 гр обарена блитва
  • 200 гр урда
  • 1 лажица пармезан
  • ½ лажиче сол
  • ½ лажиче црн бибер
  • 4 јајца

Подготовка

Во Италија традиционално за Велигден се прави оваа пита наречена “Torta Pasqualina”. Дел од рецептите, кои ги сретнав, се со домашно лиснато тесто, а дел со купечко тесто. Јас се решив за вториот начин. Вкусот е одличен, верувам сличен како и со домашно лиснато тесто. Ние уживавме во оваа вкусна Велигденска пита. Ви ја препорачувам и Вам да ви ја разубави трпезата.

1. Обарена блитва се цеди и сито сецка. Се става во длабок сад. Во неа се додава урда, пармезан, сол и црн бибер и се промешува. Се крши едно јајце и се мати со вилушка. Малку од јајцето се остава, за да се премачка питата, а останатото јајце се додава во филот со блитва, и се промешува.
2. Една кора лиснато тесто се расукува и сече во форма на круг, поголем за 2-3 цм од калапот во кој ќе се пече питата. Јас користев кружен силиконски калап со дијаметар од 20цм. Кората се става во калапот, се притиска со рака, убаво да се обликува на дното. Врз кората се става фил. Со помош на чаша се прават вдлабнатини на три места. Во секоја вдлабнатина се крши по едно јајце. Врз секое јајце малку се посолува.
3. Другата кора лиснато тесто исто така се расукува. Се сече круг, во дијаметар колку калапот, во кој се пече питата. Се става тестото врз филот. Лиснатото тесто од долната кора, кое остана по краевите, го правиме како витка, нежно притискајќи го за да се залепи за горната кора. Се премачкува со разматеното јајце, кое го оставивме на почеток. Со остар нож, на неколку места, се прават засеци.
4. Се пече на 200 степени околу 45 минути, доколку ви е јака рерната и брзо ви потемни горната кора, ставете алуминиумска фолија.

• Од втората кора лиснато тесто, јас расукав само 2/3 . Ми остана од по краевите кога сечев и од првата кора, значи помалку од 1 килограм употребив за калап со дијаметар од 20цм