Испечати

Велигденски појадок- тегната пита со спанаќ, младо сирење и јајце

Велигденски појадок- тегната пита со спанаќ, младо сирење и јајце

Состојки

  • тесто
  • 350 гр брашно
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици масло
  • Вода по потреба, околу 200 мл
  • фил
  • 700 гр чист спанаќ, исчистен од дршките
  • 250-300 гр младо сирење
  • 1 или 2 јајца
  • сол и бибер
  • Масло по потреба

Подготовка

Подготовка:

1. Во вангла ставаме просеано брашно, додаваме сол, масло и постепено вода. Замесуваме средно тесто.
2. Од кога е убаво изработено се дели на два дела. Од секој дел се расукува мало кориче. Обилно од двете страни се премачкува со масло. Се ставаат на послужавник и се покриваат со прозирна фолија.
Нека одстојат така еден час. Пред да почнеме со корите се подготвува полнењето.

Полнење:
1. Во тенџере се става да врие вода. Се става спанаќ да се бланшира, само неколку секунди.
Одма се вади во цедалка. Се остава добро да се исцеди од течноста. Ако треба и со раце се стиска.
2. Во сад се соединуваат сите состојки за полнењето. Врз платнен чаршав се растегнува првата кора со намастени раце, почнувајќи од средината кон краевите. Тие малку задебелени краеви што ќе останат, се отсрануваат со алатка за сечење пица.
3. Со рака се нанесува половина количина на фил. Се попрскува со масло и со помош на чаршафот се витка.
4. Се витка во форма на полжав и се става во тава за печење. Постапката е иста и со втората кора.
5. Вака подготвена питата се пече во загреана рерна околу 30 минути, на 190 степени,
Се остава на решетка, да се излади, па се сервира со чаша јогурт.