Мермерни јајца
Состојки
- 8 бели јајца
- 2 кесички зелена боја за јајца
- лушпи од кромид
- 50 мл алкохолна киселина
Подготовка
1. Лушпите од кромид изблендирајте ги во блендер.
2. Јајцата се потопуваат во вода и веднаш се валкаат во иситнетите лушпи. Така ќе се залепат на јајцето и се завиткуваат во газа со ластиче.
3. Се редат јајцата во длабоко тенџере, се става вода и се става зелената боја и киселината. Се варат јајцата (кога ќе проврие водата) се варат уште 8 минути. После тоа се истура врелата вода и се налева студена вода.
4. Се вадат јајцата од газата и убаво се мијат од лушпите. Се оставаат убаво да оладат и се премачкуваат со масло.
За многу години!