Старински парени колачиња(Посно)
Состојки
- За колачињата
- 130 гр Гриз
- 180 мл Пиво
- 80 мл Масло
- 1 Пециво
- 1 Ванила
- 1 м.л. Сода бикарбона
- 6-7 лажици Ореви (грубо мелени)
- околу 250 гр Брашно
- За шербетот (шол од 250мл)
- 3 шољи Шеќер
- 3 шољи Вода
- 2-3 резанчиња Лимон
Подготовка
Превкусни старински колачиња.....рецептот ми е од мојата тетка, која редовно ги прави за нивната слава, која во случајов е посна. Меѓутоа се превкусно заблажување за било која пригода.
1. Во сад ги ставаме наведените состојки, од кои брашното на крај (околу 250гр). Замесуваме меко тесто што не лепи. Тестото го делиме на 24 парчиња, ги формираме како топчиња, па потоа со раката ги сплескуваме и ги редиме во плех за печење (плехот не се премачкува со ништо). Со вилушка благо ги притискаме одозгора за да им направиме шара - видете додатна слика.
2. Ги печеме во загреана рерна на 195 степени, околу 20 минути. Ги оставаме целосно да изладат колачињата.
3. Потоа го припремаме шербетот. Во тенџере ги ставаме шеќерот, водата и лимонот. Нека зоврие, па оставаме да врие уште 6-7 минути. Тргаме настрана кратко да остине некоја минутка, па го истураме шербетот врз колачињата полека, не наеднаш. Иако ќе изгледа дека количински е многу, сепак веќе наредниот ден скоро цел шербет ќе се упие.
4. Повремено превртете ги колачињата и од другата страна за подобро да го упијат шербетот.
На здравје!