Чешка бабовка
Состојки
- 4 јајца
- 200гр шеќер
- 100мл масло
- 100мл топла вода
- 200гр брашно
- 1 ванила
- 2лажички какаоа
- 1/2лажиче пециво
- кора од лимон
- шеќер во прав по потреба, за одозгора
Подготовка
Подготовка:
1. Земаме две вангли и ги делиме белките од жолчките. Кај жолчките додаваме ванила и половина количина на шеќер и матиме смесата да побели. Со чисти маталки матиме снег од белките, со остаток на шеќер,
2. Внимателно соединуваме, а при тоа додаваме топла вода, масло, кора од лимон, пециво и брашно.
Половина на смесата ја истураме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
Во остатокот го ставаме просеаното какао, промешуваме и смесата ја истураме во калапот.
3. Печeме во загреана реrна на 180 с, околу 30 минути. Изладената бабовка ја сечeме на парчиња и послужуваме.