Сочен италијански колач со портокал
Состојки
- 1 портокал
- 150 гр шеќер
- 200 мл млеко
- 200 мл масло
- 1 ванилин шеќер
- 3 јајца
- 250 гр брашно
- 1 лажичка печиво
Подготовка
Преубав колач, преземен од еден италијански сајт... многу брз и интересно се подготвува. Пробајте!
1. Портокалот (убаво измиен) се сече на парчиња, се блендира заедно со маслото и млекото.
2. Се претура во подлабок сад, се додаваат јајцата и шеќерот. Се мати убаво.
3. Се додава брашно и печиво, па пак се мати.
4. Се пече во 26 тава, 20 до 30 минути на 180 степени, во загреана рерна.