Испечати

Овесни колачиња со јаболки и брусница (посно)

Овесни колачиња со јаболки и брусница (посно)

Состојки

  • Состојки
  • 2 шољи овесни снегулки
  • 2 јаболки
  • 100 гр сушена брусница
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажици мед
  • 50 гр лешници
  • 50 гр ореви

Подготовка

Здрави, посни колачиња кои топло ви ги препорачувам. Можете да јадете од нив без грижа на совест и ако сте на диета.
1. Во еден сад ги ставаме двете шољи овесните снегулки (шољата беше од 150 милилитри). Додаваме две рендани јаболки. Го додаваме медот, брусницата, сечените, претходно запечени ореви и лешници, го додаваме циметот и се убаво мешаме со лажица.
2. Смесата ја покриваме и ја ставаме во фрижидер да одстои неколку часа. Јас ја оставив 5 часа.
3. Од смесата се прават бомбици со големина на орев. Од целата смеса ми излегоа 24 бомбици.
4. Се редат на хартија за печење. Се печат во загреана рерна околу 15-20 минути на 180 степени.
Наместо оревите или лешниците можете да ставите било какво јаткасто овошје во било која комбинација, но претходно малку запечете ги , подобар е вкусот.
На здравје.