Испечати

Плескавици со мисиркино мелено месо

Плескавици со мисиркино мелено месо

Состојки

  • 300 гр. мелено мисиркино месо
  • 1 варен компир (средно голем)
  • 50 гр. сланина
  • 1 јајце
  • 1 кромид

Подготовка

Превкусни плескавици кои се прават брзо и едноставно.
1. Најпрво сварете го компирот, изгмечете го и ставете да се излади.
2. Во длабок сад изрендајте го кромидот, додадете ја ситно сецканата сланина, меленото мисиркино месо, компирот, жолчката од јајце, сецкан магдонос, бибер, сол, сув зачин и лебни трошки по потреба. Убаво измесете ја смесата и формирајте плескавици.
3. Белката изматете ја со виљушка и додадете малку сув зачин. Во друга чинија ставете лебни трошки.
Земете една по една плескавица, премачкајте ја со рака со белката од двете страни и извалкајте ја во лебните трошки. Плескавиците испржете ги во добро загреана Делимано тава на малку масло.
Сервирајте со спанаќ, пире или друг прилог по желба!