Испечати

Празнична салата со целер, јаболко, морков, пилешки стек

Празнична салата со целер, јаболко, морков, пилешки стек

Состојки

  • 200гр пилешки стек
  • сол, бибер, масло, коцка путер
  • 1 зелено, кисело јаболко
  • 1 морков
  • 1/2 главица целер
  • 1 рака јатки орев
  • 1 чаша кисела павлака
  • 1лажиче сенф
  • 1лажиче сок од лимон
  • Ливчиња целер Бибер, сол

Подготовка

Превкусна, несекојдневна салата е мојот денешен предлог, која може да биде дел и од вашиот празничен ручек.

1. Измиениот пилешки стек се сече на ситни коцки и се зачинува.
2. Во тава се става масло и мала коцка путер и се пржи да зарумени. Пред сам крај се додаваат и јатките од орев, да ја пуштат својата арома. Оставаме на страна, да се излади.
3. Во еден сад соединуваме излупени јаболко, морков, корен целер, додаваме сецкани ливчиња целер, сол, бибер, сок од лимон, кисела павлака, сенф и убаво соединуваме.
4. Вака добиената, кремаста салата ја сервираме во сад. Врз неа ги поставуваме испржениот стек и ореви. Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите.

Потоа сервираме и уживаме со чаша бело вино.