Испечати

Велигденска, солена плетенка

Велигденска, солена плетенка

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1/2лажиќе шеќер
  • 50мл масло
  • 130мл топло млеко
  • 1лажиче оригано
  • 280гр брашно
  • На врвот на ножот пециво
  • 40гр путер за премачкување
  • полнење
  • 5.6 листови блитва
  • 3лажици поолни младо сирење
  • 100гр свинска шунка
  • 1 белка
  • за одозгора
  • 1 жолчка, сусам, чурек

Подготовка

1. Во топло млеко ставаме квасец, шеќер, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме на страна.

2. Од кога ќе се активира квасецот, во вангла мешаме сол, масло, оригано, пециво, па постепено додаваме брашно. Замесуваме средно тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Потоа го делиме на две топки. Ги расукуваме во правоаголни кори. На првата кора премачкуваме со путер. Поклопуваме со втората кора. И неа ја премачкуваме со путер и ја преклопуваме.
4. Вака формираното тесто го ставаме во чисто кесе за замрзнување храна и го оставаме да отстои во фрижидер 30 минути. Потоа од парчето тесто расукуваме правоаголна кора.

5. Сите состојки за полнење ги соединуваме во еден сад. Ова полнење го нанесуваме во средината на кората. По желба додаваме малку сол и бибер. Од двете страни, на приближно исто растојание правиме засеци со нож. Тие засеци ги внесуваме во средината, одиме. Од лево, па од десно.
6. Вака формираната плетенка ја ставаме врз хартија за печење и ја ставаме во долгнавест калап. Го покриваме калапот со крпа и плетенката ја оставаме на топло 30 минути. Ја премачкуваме со јајце, сусам, чурек
7. Ја печеме во загреана рерна околу 30 минути. Топла ја вадиме на решетка да подизлади, па сечеме на парчиња и послужуваме.

На здравје убавинава.