Јафа ролат со лешници
Состојки
- 150гр ресани со вкус на портокал
- 60гр путер
- 80гр црно чоколадо со портокал
- 10 зрна лешник
- 2лажици кандирана кора од портокал
- 1лажица шеќер во прав
- 60мл сок од свеж портокал
- 1лажица мелени бисквити
- Црно чоколадо за декорација
Подготовка
Подготовка:
1. Во сад на оган, ставме половина количина на сокот, додаваме шеќер во прав, чоколадо и путер. Соединуваме со повремено мешање. Тргаме од оган, додаваме зрна лешник, мелени бисквити, остатокот на сок, кора од портокал и сецкани ресани.
2. Оставаме малку соединетата смеса да се излади, па формираме ролат. Го прелеваме со малку растопено чоколадо. После 1 час сечеме на парчиња и послужуваме.