Тартуфи со Моцарт чоколаден ликер
Состојки
- 1 белка
- 125гр путер
- 80гр шеќер
- 130гр мелени бисквити,
- 160гр мелени лешници
- 100гр црно чоколадо
- 3-4лажици чоколаден ликер
- За валкање 100 гр мелен, печен лешник
Подготовка
Добив на подарок од Виена прекрасен Моцарт чоколаден ликер. Не можев да му одолеам, а да не го ставам и во колачи. Излегоа совршени тартуфи, слатки.
Подготовка:
1. Прво во сад, над пареа, се растопуваат путерот, шеќерот и чоколадото. Нека се подизлади, па се додава чоколадниот ликер. Се промешува.
2. Во друг сад се мати една белка, постепено се додава претходната смеса. Сега се соединуваат лешниците и бисквитите и се додаваат во садот со белка. Убаво со рака се изработува и нека отстои 15 минути.
Се формираат тартуфи и се валкаат во печен, мелен лешник.