Испечати

Домашни свежи тестенини (без сушење)

Домашни свежи тестенини (без сушење)

Состојки

  • 2 јајца
  • 200 г брашно
  • полнење по желба

Подготовка

Во поново време, во италијанските ресторани се припрема свежа паста непосредно после нарачката на клиентот, значи тестото се припрема свежо, се меси, оформува, се вадат саканите форми и пастата се вари несушена. Припремата е многу едноставна ако имате машина за кори, јас немав и сукалото ми збрка добра работа. Оваа количина е за еден човек, јас ја направив со песто, а вие може да ставите што сакате измеѓу, свеж босилек, магдонос, пармезан...било што, а и не мора. Ако не ставате ништо, тогаш делот на лепење на пастата прескокнете го.

Припрема
1. Изматете ги јајцата со вилушка и додадете околу 150 г брашно и замесете потврдо тесто, по потреба додадете ги и преостанатите 50 г. Количината на брашното зависи од големината на јајцата, но отприлика оди 100 г брашно на 1 јајце.

2. Оформете топка и оставете го да поседи 30тина минути.

3. Потоа поделете го тестото на 2 дела. Од секој дел исукајте 2 исти кори, по можност правоаголни (никогаш не ми успева), што е можно потенки. Врз едната кора наредете тоа што мислите, јас ставив едно лажиче песто сос, но не го нанесувајте врз цела кора за да не ви излегува од краевите кога ќе ја ставите и другата кора. Ставете ја другата кора одозгора и со помош на сукалото исучете една поголема и потенка кора. Потоа кората здиплете ја од краевите по еднаш навнатре и уште еднаш. Двата краеви на кората да се допираат.

4. Сечете со помош на нож иста дебелина на резанци, јас ги сакав пошироки, а можете и потенки и нежно со раката раздвојте ги парчињата како на сликата.

5. Вака припремената свежа паста, ставете ја во посолена вода која врие и варете од 5-10 минути, зависи од дебелината на пастата.

6. Исцедете, додадете омилен сос (јас си ставив песто и пармезан) и уживајте во тазе припремената мајсторска паста.

На здравје.

Само за гурмани!