Испечати

Панфорте ди Сиена

Панфорте ди Сиена

Состојки

  • 100 гр лешници
  • 100 гр бадеми
  • 50 гр ореви
  • 100 гр урми
  • 120 гр суви смови
  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр брашно тип 0 (можи и тип 400)
  • 1 лажица какао
  • 1 лажиче цимет
  • 1/3 лажиче каранфилче
  • 1/2 лажиче мускатно оревче
  • 1/2 лажиче кардамом
  • 1/4 лажиче бел бибер или пимент
  • 75 гр мед
  • 175 гр шеќер
  • 60 гр темно чоколадо

Подготовка

Одиме да ја вкусиме Тоскана!
1. Сувите плодови исечкајте ги на крупно, а јатките потпечете ги на 2 мин во микробранова.
Панфорте се прави со кандирано и суво овошје, но јас не можев да најдам кандирано, направив замена со урми. Секако, овошјето може да го бирате по желба, но суви смокви е препорачливо да се стават.
2. Ставете ги сите овие состојки во длабок сад и додадете ги брашното, какаото и зачините.
3. Во друг помал сад ставете ги медот и шеќерот и загревајте ги на умерена температура додека се стопи шеќерот и оставете да вари околу 2 минути. Потоа тргнете го садот од рингла и додадете го чоколадото кршено на коцки. Мешајте да се стопи и спои. По правило, чоколадо нема во панфорте. Ова е само еден малку подотеран рецепт.
4. Оваа мешавина истурете ја во длабокиот сад и мешајте брзо да се соединат сите состојки.
Претходно обложете со пекарска хартија во калап на откопчување 23 см. Ако имате оризова хартија постелете ја на дното врз хартијата, ако не, намастете ја насекаде. Истурете ја смесата во калапот и потоа со влажни раце убаво истискајте ја одозгора да се распореди. Печете во загреана рерна на 160С околу 40на мин.