Посен зелник со кисела зелка
Состојки
- Тесто
- 600 гр брашно
- 1/2 свеж квасец
- 1/2 лајче сол
- 1/2 лајче шеќер
- 200 мл млака вода
- Фил
- кисела зелка
Подготовка
1. Се замесува веднаш тестото со квасец млака вода сол и шеќер. Се остава да се дуплира тестото.
2. Се дели тестото на 4 топчиња. Се сука едното топче се остава настрана. Се сука второто топче и се става врз првото. Сега се редат двете кори се сукаат поголеми и се преклопува на 4 пати. Се сука и реди во плех од рерна. Врз него се става филот од сечкана зелка која претходно е пржена. Сега кога се стави филот се редат другите две кори кои исто така се сукани, премачкани со масло и двете наредени една врз друга. Се става тепсијата на топло да стасува тестото 20мин. Се сече зелникот и се пече на 250С-25мин. Кога ќе е готово се прска со вода и се покрива со платнена крпа.