Испечати

Медени колачиња со салса од шумско овошје (посно)

Медени колачиња со салса од шумско овошје (посно)

Состојки

  • За 26 колачиња
  • Тесто
  • 6 лажици пченкарно масло
  • 6 лажици вода
  • 5 лажици шеќер
  • 1 полна лажица мед
  • 1/2 лажица цимет
  • 7гр. пециво
  • околу 200гр. брашно
  • Салса
  • 140гр. замрзнато шумско овошје
  • 1 лажица интегрален кокосов шеќер

Подготовка

1. Во сад измешајте вода, масло и мед.

2. Додајте ги останатите состојки, со тоа што брашното ќе го додавате постепено. Замесете мазно тесто.

3. На хартија за печење сосема малку посипана со брашно расукајте кора со дебелина по желба (моите се околу 1цм). Со мала чаша вадете кругови и редете ги на плех обложен со хартија. Печете на 200 степени, 10 минути. Додека се ладат колачињата направете ја салсата.

За салсата:

Во мала нелеплива тава ставете го овошјето и шеќерот. Откако ќе зоврие намалете на најтивко и со почесто мешање оставете на оган 5-10 минути, додека се подзгусти. Тргнете од оган и оставете да се олади. Врз секое колаче нанесете од салсата и послужете.