Испечати

Италијански здрави грисини

Италијански здрави грисини

Состојки

  • 100 мл млака вода
  • 1 лажиче сув квасец
  • 1 лажиче кафеав шеќер
  • 150 гр брашно од спелта
  • 40 гр палента
  • 35 гр пченкарно брашно
  • ½ лажиче сол
  • ½ лажиче буковец
  • 3 лажици маслиново масло

Подготовка

Познатите италијански грисини во моја здрава и посна варијанта. Ние уживавме во нивниот вкус и веќе правиме план кој ден да се повтори рецептов.

1. Во чаша ставаме квасец, кафеав шеќер и млака вода. Мешаме со лажица да се растопи квасецот.
2. Во длабок сад ставаме брашно од спелта, палента, пченкарно брашно, сол и буковец. Промешуваме.
3. Ги додаваме квасецот и маслиновото масло, замесуваме тесто, формираме топка. Тестото го покриваме со проѕирна фолија и го ставаме во фрижидер да стои 1,5 часа.
4. Тестото го ставаме на работна површина премачкана со малку маслиново масло. Расукуваме кора со дебелина од 5 мм, сечеме надолжни ленти со ширина од околу 1 цм кои ги роламе/ сукаме во форма на стапчиња.
5. Грисините ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Печeме во загреана рерна на 200 степени, 12-15 минути. После 12 минути проверете ги затоа што брзо можат да изгорат. Додека се печат на секои 4 минути отворете ја рерната да излезе пареата и брзо затворете. Ова се прави со цел грисините да бидат крцкави. Оставете да се изладат и послужете.