Потпечени њоки со месо и моцарела
Состојки
- 500 гр њоки
- 250 гр моцарела
- 200 - 300 месо по ваш избор, свинско, пилешко, може какво сакате па дури и мелено
- 250 мл павлака за готвење
- лук во прав по вкус
- кари во прав по вкус
- 1/2 кромид (може и млад, неколку страка)
- по вкус сол и црн бибер
- по потреба масло
- сув рузмарин по вкус
Подготовка
1. Месото се сечка на мали коцки, се зачинува со малку сол, бибер и дел од кромидот, и се остава во фрижидер да отстои барем неколку часа, поубаво би било преку ноќ. Ако се одлучите за пилешко, нека не биде саламурено.
2. Њоките се варат, во зовриена и посолена вода.
3. Кромидот се пропржува на загреано масло, малку посолен.
Му се додава месото. Се пропржува да порумени.
4. Се додаваат и њоките заедно со сите зачини за кои што ќе се одлучите. Кај мене имаше рузмарин, кари, лукче во прав, бибер и сол.
5. Вака дотерано се остава да крчка на тивок оган околу 20 минути.
6. После се додава павлаката за готвење заедно со ренданата моцарела. Се промешува убаво и тавчето го ставаме во загреана рерна на 200 степени да се потпечат њоките. 30 до 40 мин ќе бидат доволни, додека да поруменат убаво, се во зависност од рерната.
Добар апетит.