Орео чизкејк
Состојки
- подлога
- 300гр орео кекси
- 100гр путер
- крем
- 300гр маскарпоне сирење
- 50мл млеко
- 200гр бело чоколадо
- 1 кесичка желатин
- 200мл слатка павлака
- 50гр шеќер во прав
- за декорација ливчиња нане, половинки орео кекси, вишни
Подготовка
Подготовка:
1. Прво орео кексите ситно ги дробиме. Им го додаваме растопениот путер и соединуваме.
2. Смесата ја ставаме во соодветни 3 модли или една поголема, со пречник од 22 цм. Оставаме да се стегне.
3. Сега во еден сад, над пареа ги соединуваме чоколадото и млекото, мешаме до изедначување. Во една чашка го ставаме желатинот и му додаваме 50 мл ладна вода. Оставаме да набабри.
Кога чоколадото е растоепено, млако, го додаваме и желатинот и мешаме да се соединат убаво, односно желатинот да се растопи.
4. Во еден сад ги ставме слатката павлака, шеќерот во прав и маскарпонето. Матиме со миксер, но не смееме да добиеме многу цврт крем. Тука го додаваме и растопеното чоколадо, соединето со желатинот и убаво соединуваме. Ги полниме калапите и ги оставаме во фрижидер на 1 час.
Потоа ги декорираме по желба, кај мене со половинки орео, вишни, нане.