Паста путанеска (посно)
Состојки
- 320гр. лингвини (или паста по избор)
- Сос
- 800гр. домати пелати
- 100гр. маслинки таџаске
- 2 лажици капари во сол
- 25гр. инчуни
- 3 чешниња лук
- 2 мали суви лути пиперчиња
- 2 лажици сецкан магдонос
- 30мл. маслиново масло
- по потреба сол
Подготовка
1. Во тенџере со зовриена вода и крупна сол ставете ја пастата да се вари.
2. Капарите убаво измијте ги од солта по силен млаз вода, а потоа исушете ги и исецкајте на покрупно.
Маслинките се ситни и со нож притиснете ги( без сечење).
3. Во тава на оган ставете го маслото, целите чешниња лук и ситно сецканите лути пиперчиња. Откако ќе почнат да се запржуваат додајте ги инчуните и капарите. Пржете на среден оган околу 5 минути, додека маслото се ароматизира. Потоа додајте ги пелатите кои со вилушка малку ќе ги претиснете. Оставете го сосот на среден оган околу 10-тина минути. Извадете ги чешнињата лук, и во готовиот сос додајте ги маслинките и магдоносот. На крај додајте ја сварената паста и мешајте убаво додека пастата прими убаво од сосот.