Испечати

Солени бомбици од компир и кикирики (посно)

Солени бомбици од компир и кикирики (посно)

Состојки

  • 2 поголеми варени компири
  • 100гр крупно сецкани кикирики
  • 1-2 лажици посен мајонез
  • 1/2лажиче триена сол
  • 1/2лажиче куркума
  • сол, бибер по вкус потпечен сусам

Подготовка

Состојките може да калкулирате, според вашите потреби.

Подготовка:

1. Варените компири нека се оладат. Потоа се пасираат. Се додаваат кикириките, мајонезот, зачините. Убаво се соединува.
2. Се формираат бомбици и се валкаат во потпечен сусам. Се сервираат и украсуваат со магдонос.