Испечати

Есенко смути

Есенко смути

Состојки

  • 1 средна калинка
  • 1 средно јаболко
  • 1 јапонско јаболко
  • 1 гроздак бело грозје
  • вода по потреба

Подготовка

Се што ви треба е Нутрибулет и есенско овошје. Имате загарантирано утринско задоволство.

Подготовка:

1. Прво грозјето го миеме и ги отстрануваме зрнцата од дршката. На јапонското јаболко му ја одстрануваме дршката. На јаболкото му ги чистиме семките. Калинката на зрнца.

2. Целото овошје го ставаме во нутрибулет и пулсираме, неколку секунди до соединување. Сервираме во чаши и по потреба ставаме вода.
Јас не користам никаков засладувач бидејќи овошјето, само по себе, содржи шеќер.