Бурек со свежи шампињони (посно)
Состојки
- 300гр. готови кори за баклава
- За полнење
- 400гр. свежи шампињони
- по потреба масло и сол
- Смеса за попрскување на корите
- 120мл. газирана вода
- 60мл. масло
- 1 лажиче пециво
Подготовка
Во време на пости сме, па може мојава идеја ќе ви се допадне.
Јас уживав додека јадев.
Пробајте.
Во тава на оган ставете многу малку масло и додајте ги шампињоните исечени на листови.
Пржете додека ја испуштат водата, а потоа посолете.
Тргнете ги од оган и со нож ситно исецкајте ги.
Во капал (бр.24) ставете 3 кори така што краевите ќе бидат надвор од калапот.
Попрскајте ги со смесата од газирана вода, пециво и масло.
Потоа нанесете уште 3 кори кои ќе ги згужвате нежно со раце.
Попрскате ги со смесата и нанесете од печурките.
Повторете ја постапката додека ви се потрошат корите,
Преклопете ги каевите од корите и убаво затворете го бурекот.
Попрскајте од смесата.
Печете на 180 степени додека убаво зарумени.
Јас печев од прилика 35 минути, но зависи од рерната.