Испечати

Празнични чоколадни колачиња (посно)

Празнични чоколадни колачиња (посно)

Состојки

  • 100гр мелен орев
  • 120гр посни мелени наполитанки со вкус на лешник
  • 100гр посно црно чоколадо
  • 100гр посен црн еурокрем
  • 1 лажица масло
  • 100гр посно бело чоколадо, 1 лажица масло за одозгора и чоколадни машнички

Подготовка

Подготвка:

1. Над пареа се растопуваат чоколадото, еурокремот и маслото. Се додаваат мелените наполитанки и оревите. Сето убаво се промешува и одма со помош на лажиче се става од смесата во хартиени корпи (додека е топла). Излегуваат отприлика15 кошнички. Ако треба се порамнуваат со наводенето лажиче или послужавникот се удира од маса еднаш, двапати за да се израмни смесата.
2. Над пареа се топи белото чоколадо со една лажица масло и се дополнуваат хартиените корпи.
Се декорираат со симпатични чоколадни машнички. Од остатокот на смесата направив мали долгнавести форми, кои прво ги прелив со растопено бело чоколадо и ги декорирав со чоколадни трошки. Се редат во хартиени корпи. Се што ви треба е трпение, волја, мало силиконско калапче и чоколадо.
3. Над пареа растопуваме бело чоколадо со малку масло. Со мало лажиче ставаме во калапчето и чекаме 3-4 минутки да стегне чоколадото. Внимателно ги вадиме и постапката ја повторуваме.
Во белото чоколадо, на врвот на ножот, ставив црвена прехрамбена боја и добив розови машнички.
Постапката е иста и со црното чоколадо. Количините на чоколадо одредете си ги сами.

Пожелно е садот во кој е растопено чоколадото да стои над сад со жешка вода за да не се стегнува, туку лесно да се работи.