Марципан бомбици (стар рецепт)
Состојки
- 50гр исчистени фстаци
- 50гр сува брусница
- 120-140гр марципан
- за обложување
- 100гр црно чоколадо 1лажица масло за декорација 30гр бело чоколадо
Подготовка
Подготовка:
1. Прво фстаците и сувата брусница ги сецкаме на мали парчиња. Потоа ги соединуваме со марципанот, ја месиме смесата со рака. Од добиената смеса формираме ролат. Го делиме на 16-18 парчиња. Формираме бомбици.
2. Над пареа ги соединуваме црното чоколадо и маслото. Секоја бомбица ја потопуваме во глазурата.
Од кога ќе се стегне секоја бомбица ја декорираме со растопено бело чоколадо.
Сервираме во хартиени корпи и послужуваме.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.