Испечати

Есенски колач со тиква, дуња и ароматични зачини (стар рецепт)

Есенски колач со тиква, дуња и ароматични зачини (стар рецепт)

Состојки

  • 4 јајца
  • 8-9лажици шеќер
  • 4лажици брашно
  • 120гр мелен орев, бадем или лешник
  • 2лажици гриз
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 2лажици сок од портокал
  • кора од портокал
  • 1/2лажиче цимет
  • 1/2лажиче морско оревче
  • на врвот на ножот црн бибер и сол
  • 100мл млеко
  • 100мл масло
  • 200-230гр варени, пола дуња пола тиква
  • Растопено чоколадо за декорација

Подготовка

Убав есенски колач кој е многу кревок и од кој се шири прекрасна миризба низ домот додека се пече. Пробајте го.

Подготовка:

1. Прво тиквата и дуњата ги лупиме, сецкаме на коцки и со малку вода ги вариме. Од кога е готово, процедуваме и оставаме да се излади. Потоа блендираме. Јас ставив половина количина тиква, а половина дуња. Може да се стави само тиква или само дуња. Добив прекрасен шмек.
2. Сега во сад соединуваме орев, брашно, гриз, пециво, ароматични зачини, бибер, сол, кора од портокал.
3. Во друг сад ги ставаме одвоените белки. Матиме со миксер, па постепено додаваме половина количина на шеќер. Потоа ги матиме жолчките со останатата количина на шеќер и ванилата.
Лесно ги соединуваме белките и жолчките. Со исклучен миксер ги додаваме млекото, сокот од портокал (околу 2 лажици) и маслото. Ги додаваме сувите состојки. Сега лесно со шпатула соединуваме, со постојано додавање на пасираната тиква и дуња.
4. Смесата ја истураме во четвртаста ростер тава на која на дното има тенко премачкано масло и малку посипано брашно. Печеме околу 40 минути на 190 с.
Оставаме колачот да се излади, па го декорираме со чоколадна мрежа.
Сечеме на парчиња и послужуваме.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.