Испечати

Каноли Сицилијани (Cannoli Siciliani)

Каноли Сицилијани (Cannoli Siciliani)

Состојки

  • За тесто
  • 250 гр брашно
  • 15 гр шеќер
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1/4 лажиче сол
  • 30 гр путер
  • 1 големо јајце
  • 75 мл марсала вино
  • За фил
  • 700 гр рикота
  • 9 лажици шеќер во прав
  • 6 лажици густа слатка павлака
  • 2 пакетчиња портокал шеќер
  • рендана кора од 1 портокал
  • 150 гр чоколадни капки

Подготовка

Каноли е италијанска слатка која се раширила и станала популарна на Сицилија. Се верува дека ја донеле муслимански емгранти. Тоа е слатка крцкава во кората и мека во филот кој воглавно се состои од нивното познато сирење рикота, заедно со помешан благ вкус од цимет и портокал. Украсени со некое ароматично кандирано овошје или јатки, како `фстак или орев.

Подготовка:

1. Од состојките за тесто најпрво се мешаат сувите, па потоа во нив се трие путерот, па се додава јајце и на крај вино. Кај нас нема марсала вино, па замена би било некое миризливо сортно вино. Како јас немав такво во моментот, решив да измешам 60/40 бурбон/вода за милилитражата која беше потребна во рецептот и испадна одлично!

2. Тестото расплескајте го и ставете го во најлонска фолија да отстои еден час во фрижидер.

3. Потоа расукајте го тенко на набрашнета површина и со голем кружен калап сечете кругови. Секој круг со сукало развлечете го малку овално и на долгата страна поставете лимен цилиндричен калап. Краевите треба да се соединат преку калапот, а за тоа да е совршено, се прави така што едниот крај се мачка со малку белка на местото каде ќе преклопува другиот крај. Потоа само нежно со раката изролајте го калапчето на масата за убаво да се соедини. Внимавајте да не мачкате премногу со белката, бидејќи ќе имате потешкотија да го тргнете калапот од канолата.

4. Вака спремното тесто се пржи во загреано длабоко масло кратко време (се познава одма од око) и се одложува врз хартиена салфета. Совет - пржете ги прво од превитканата страна за да не се криват многу. Кога ќе подизладат малку калапите се тргаат.

5. Пржените каноли може да ги филувате веднаш откако ќе изладат или да ги чувате во добро затворена кутија до филување. Всушност, добар совет е да ги филувате непосредно пред служење, па така, ако мислите дека нема да се изедат сите тој ден, оставете нефилувани до следната прилика.

За филот:

1. Филот е основа од рикота сирење. Доколку не можете да најдете рикота, употребете несолена изварка/урда. Сирењето мора да отстои половина час на цедалка во фрижидер да излезе вишокот течност или едноставно да го ставите во газа и да го истегате. Моето беше толку убаво суво што немаше потреба од тоа (а тоа е многу ретко).
2. Потоа се додаваат останатите состојки за фил и се миксираат до убав густ крем.
3. Кремот се става во шприц со широк отвор и од двете страни се полнат канолите.

На крај, украсете ги со мелени `фстаци и канdирано овошје.