Слатки фритули со афион (стар рецепт)
Состојки
- 2 јајца
- 1 чаша 180гр кисела павлака
- 2-3лажици шеќер
- 1 чашка јогурт
- 1 ванила
- 1 лажиче рум
- кора од лимон
- сол
- 1/4лажиче сода бикарбона
- 40мл кисела вода
- Околу 18 до 20 лажици брашно
- шеќер во прав по потреба
Подготовка
Подготовка:
1. Во ванглa ставаме јајца, шеќер, ванила, кора од лимон, сол, рум и промешуваме со вилушка. Потоа додаваме јогурт, кисела павлака, сода, пециво, вода, брашно, афион и сето кратко со дрвена лажица го соединувамe.
2. Во касерола загреваме масло на умерен оган. Со намастено лажиче земаме од смесата и пржиме фритули. Ги редиме на хартиени салфети. Ги посипуваме со шеќер во прав.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.