Мафини со праска и јогурт (стар рецепт)
Состојки
- 200гр брашно
- 2 јајца
- 1лажиче пециво
- 1/4лажиче сода бикарбона
- 100мл млеко
- 100мл јогурт
- 40мл масло
- 3лажици шеќер
- 2 праски
- 200мл слатка павлака
- малку зелена боја
Подготовка
Подготовка:
1. Во еден сад соединуваме брашно, пециво, сода и некое зрно сол. Во друг сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме течните состојки (млеко, јогурт и масло). Лесно соединуваме. Додаваме лупени и сецкани праски
2. Смесата ја распоредуваме во калап за мафини. Печеме околу 25 минути, на 180 степени. Оставаме да се изладат. Потоа декорираме со бела и зелена изматена слатка павлака
Декорираме со украси од шеќер.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.