Испечати

Летна салата со наут, орзо тестенина и лимета (стар рецепт)

Летна салата со наут, орзо тестенина и лимета (стар рецепт)

Состојки

  • 150гр орзо тестенина
  • 1/2 лименка варен наут
  • 1 црвен домат
  • 1 лажица капари
  • 50 гр зелени маслинки без семка
  • сок од лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • Сол, бибер, 1 лажиче сенф, магдонос

Подготовка

Многу ги сакам овие салати во летните горештини, бидејќи не бараат многу време за подготовка

Подготовка:

1. Во касерола ја вариме орзо тестенината според упатството. Сварена ја процедуваме и оставаме да се излади. 
2. Во сад ги соединуваме сварените тестенини, наут, магдонос, зелени маслинки, капари и сецкан домат.
3. Во друг сад го спремаме дресингот и прелеваме преку претходно подготвените состојки.
Сервираме.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.