Ролат со праз и шампињони (стар рецепт)
Состојки
- 500гр танки кори
- фил
- 2 страка праз
- 300гр свежи шампињони
- 2 лажици масло
- 1 лажиче маст
- сол, бибер
- за премачкување
- 2 јајца
- 100гр кисела павлака
- 200мл кисела вода
- 30-50мл масло
- 1лажица брашно
- 1лажиче пециво
- сол и бибер по вкус
Подготовка
Подготовка:
1. На загреано масло и маст го пржиме сецканиот праз. Ги додаваме листовите шампињони и пржиме, се додека не испари течноста. Зачинуваме и тргаме од оган. Оставаме да се излади филот.
2. Во еден сад ги соединуваме со миксер јајцата, солта, биберот, киселата вода, брашното, пецивото, киселата павлака и маслото.
3. На работната маса ставаме лист кора и со четка премачкуваме со течноста. Ставаме уште еден лист кора и неа ја премачкуваме со течност. Потоа расфрламе од изладениот фил.
Постапката натаму оди кора, премачкување, фил, кора, премачкување, фил, се додека не се потрошат состојките.
4. Вака наредени сите кори ги виткаме во ролат. Брзински, ролатот го префрламе во тава за печење. Со четка одозгора го премачкуваме со остатокот на премазот. Наросуваме чурек. Печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути. Испечениот ролат го оставаме на кујнска решетка, да се подизлади.
Сечеме парчиња и послужуваме со чаша јогурт.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.