Солени вафли со хељдино брашно, стар рецепт
Состојки
- 2 јајца
- 300мл млеко
- 70мл јогурт
- 100мл масло
- 1лажиче сол
- 1 пециво
- 100гр фета сирење
- 1 ситно сецкано младо кромитче
- 10 исчистени, измиени листови спанаќ
- 1 димена сецкана виршла
- 1/4лажиче црн бибер
- 2 полни лажици хељдино брашно
- 210гр бело брашно
Подготовка
Подготовка:
1. Прво во една вангличка ги ставаме одвоените белки и матиме со миксер. Додаваме сол и една по една жолчка. Убаво соединуваме.
2. Сега ги додаваме млекото, јогуртот, маслото, соединетите два вида брашно и пециво. Лесно промешуваме.
3. Во еден сад ги соединуваме фета сецканото сирење, сецканото кромитче, црн пипер, исецканиот спанаќ, исецканата виршла. Ова го додаваме на претходната смеса. Убаво соединуваме.
Го вклучуваме апаратот да се загрее.
4. Ставаме од смесата. Печеме, од прилика, по 3-4 минути или додека не заруменат.
Јас на новиов апарат воопшто не ставив масло, прекрасен е и нема леплива подлога. Вие прилагодете се според вашиот апарат.
Сервираме топли, со чаша јогурт и уживаме. Од оваа количина добив 10 прекрасни вафли.