Испечати

Посна торта медено срце

Посна торта медено срце

Состојки

  • 1,5 чаша (200 мл) шекер
  • 1,5 чаша ладна вода
  • 2,5 чаши брашно
  • 4 лажици мармалад
  • 1 кесичка цимет
  • 1 кесичка сода бикарбона
  • 1-2 лажици какао

Подготовка

Сите состојки заедно ги мешаме со лажица, па смесата ја ставаме во тепсија бр.30 и ја оставаме да отстои 10-на минути додека не се појават меурчиња на површината, па ја печеме во загреана рерна околу 20 минути. Откако ке се испече и олади ја премачкуваме со мармалад и од горе наросуваме мелени ореви