Испечати

Бомбици со марципан и кандирани цреши

Бомбици со марципан и кандирани цреши

Состојки

  • 200гр марципан
  • 15-16 кандирани цреши
  • 150гр црно чоколадо
  • 3лажици масло
  • ливчиња бадем по потреба

Подготовка

Подготовка:

1. Марципанот го делиме на 14-15 топчиња. Секое топче го истанчуваме на дланката. Во средината ставаме по една кандирана цреша и формираме бомбици. Ги редиме на чинија.
2. Сега над пареа ги растопуваме маслото и чоколадото. Секоја бомбица ја потопуваме во чоколадото и ја обложуваме со ливчиња бланширан бадем.
3. Редиме на хартија да се просушат, па ги сервираме во хартиени корпи.

Уживајте во прекрасниот вкус.