Велигденска миризлива плетенка со суво грозје
Состојки
- 300гр брашно
- 40гр путер
- 40гр шеќер
- 2 жолчки
- 1/4лажиче сол
- 180мл млеко
- 20гр свеж квасец
- 1 ќесичка портокал шеќер
- 1 ванила
- 1/4лажиче махлеб
- 1 рака бело, суво грозје
- Останато 40гр растопен путер за премачкување, малку кафен шеќер за посипување
Подготовка
Подготовка:
1. Во топло млеко, ставаме 1 лажиче брашно, 1 лажиче шеќер и квасецот. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во ванглa ставaме ванила, остатокот од шеќер, шеќерот со портокал или во замена може да се користи рендана кора од портокал, суво гозје, растопен путер, махлеб, жолчки. Со вилушка промешуваме и постепено го додаваме брашното.
3. Ќе добиеме тесто кое е малку лепливо, но такво треба да биде. Месиме, се додека по тестото не почне да се појавуваат меури. Тестото, многу танко го премачкуваме со растопен путер и го покриваме со прозирна фолија. Оставаме на топло, за да се дуплира.
4. Сега нежно го делиме на три дела. Од секој дел расукуваме мала четвртаста кора. Сите три кори ги премачкуваме со растопениот путер и ги завиткуваме како ролатчиња. Од сите три ролатчиња заедно плетeме плетенка. Ја ставаме во долгнавест калап за леб и ја премачкуваме со остатокот од растопениот путер и наросуваме кафен шеќер. Оставаме да кисне уште 30 минути.
5. Ја печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути. Ја вадиме на кујнска решетка убаво да се излади, па ја сечеме на парчиња и ја послужуваме.