Испечати

Палачинки со злато, нов гастро хит

Палачинки со злато, нов гастро хит

Состојки

  • 2 јајце
  • 150мл млеко
  • 250мл кисела вода
  • 1 лажица масло
  • 2 лажици какао
  • брашно по потреба
  • Дополнително нутела и растопено чоколадо

Подготовка

Овие палачинки се нов гастро хит во Загреб. Интересно е што се служат со јадливи парчиња злато и поради тоа се посебно екстравагантни. Во домашни услови, златото го доловив со чоколадни ливчиња, премачкани со златна прашина и тоа да биде јадливо.

Подготовка:

1. Во еден сад ги соединуваме јајцата, маслото, просеaното какао, киселата вода и млекото. Соединуваме внимателно со жица, па додаваме брашно.
2. Смесата ја оставаме да отстои 15 минути, а потоа на стандарден начин пржиме палачинки.
Ги полниме со нутела, ги преклопуваме, ги декорираме со растопено чоколадо и златни чоко ливчиња.