Пикантни јајца со авокадо
Состојки
- 4 јајца
- 1 зрело авокадо
- 1 лимон
- 1лажица кисела павлака
- сол и бибер по вкус, малку чили
- 4 парчиња тост леб
- листови марула, магдонос
Подготовка
Сварете ги јајцата, внимателно исчистете, исечете ги надолжно на половина и извадете ги жолчките.
Додајте го исеченото авокадо, кое претходно сте го исекла по должина на половина, во жолчките, изматете и додадете сок од лимон.
Додадете ја киселата павлака, зачинете со сол, бибер и прав чили и измешајте уште еднаш со миксер стапчест.
Наполнете ја декоративната кеса со филот и богато пополнете ја секоја половина од варените белки од јајца.
Сервирајте ги врз парчиња тост леб и декорирајте со магдонос.