Посни ванилици со мак
Состојки
- 125 гр. маргарин
- 100 гр. мак
- 150 гр. шеќер во прав
- 300-400 гр брашно
- мармалад по желба
- 1 прашок за пециво
- 1 ванила
- кора од еден лимон
Подготовка
1. Во миксер разматете маргарин со 100 гр шеќер во прав. Додајте сок и кора од лимон, брашно со прашок за печиво, ванилин шеќер и мак.
2. Замесете не многу тврдо тесто. Развлечете и растегнете на половина сантиметар па со чашка или модли, по желба, вадете ванилици и редете ги во плех кој сте го обложиле со хартија за печење.
3. Печете на 170 степени околу 15 минути. Изладените ванилици намачкајте ги со џем, па ставете други ванилици од горе. Извалкајте ги во шеќер во прав по желба.
На здравје!