Салата со киноа
Состојки
- 2 филџани киноа
- 1 парче стек
- 2 компири
- 1 лимон
- зачини по желба
Подготовка
Интересна салата која прв пат ја правев. Вкусна, но малку чуден вкус за мене, можеби оти не сум навикната да јадам киноа.
1. Најпрво ја вариме киноата. На една шолја киноа јас ставав две шолји вода и во тенџере на варев.
2. Во меѓувреме ги вариме и двата компири, месото исто така, и оставаме се да се излади.
3. Откако се ладни ги сецкаме и мешаме заедно сите состојки. Додавам сок од лимон, зачини по желба. Јас ставив сушен босилек, нане, магдонос и малку вегета. Исто ја комбинирав со чери доматчиња.
Да ви признаам од оваа количина на состојки излегува доста салата. Ако сакате помалку преполовете ја количината.