Испечати

Фатаер

Фатаер

Состојки

  • 200гр брашно
  • 60гр кисела павлака
  • 2лажици маслиново масло
  • 3 лажици млеко
  • 1лажиче сув квасец
  • 1/4лажиче шеќер
  • 1/4лажиче сол
  • Фил-4 лажици фета сирење,1 лажица масло
  • чурек за посипување

Подготовка

Од сите наведени состојки се замесува мазно тесто.

Се покрива и се остава на страна 15 минути.

Потоа тестото се дели на 15 топчиња.

Секое топче се расукува во мало кориче.

Во средината се става фил од фета сирење и масло.

Се завиткува како триаголниче.

Се редат во плех.

Со четка танко се премачкуваат со млеко и се наросува чурек.

Се печат околу 15 минути.

Се сервираат топли.